Ви благодариме што одвоивте време да дознаете повеќе за Balkan Green. Како и вие, многу меѓународни патници ги открија убавините на Балканот и сакаат да дознаат повеќе. Иако тоа е за подздрав, многу е важно да запомниме дека туризмот е голем бизнис и кога се третира правилно, има огромен меѓу-секторски потенцијал да придонесе за економски раст, диверзификација, намалување на сиромаштијата, зачувување на биодиолошката разновидност и правилно управување со природните ресурси.
Balkan Green Initiative е формирана со цел да и даде облик на оваа дискусија и да ги посочи решенијата кои го ставаат одговорниот туризам на чело на приоритетите на регионот.
Одржливите туристички практики создаваат остварливи долгорочни стратегии за успех, се поврзуваат со другите економски сектори, обично вработуваат жени и млади, создаваат можности за малите претприемачи, имаат ниски стартни трошоци со малку бариери за влез, промовираат културна гордост и создаваат свест и чувство за сопственост. Сепак, нивото на одржливост на Балканот не ги задоволува глобалните стандарди или очекувањата на одгововорните патници кои ги земаат в предвид тие фактори при изборот на дестинации кои сакаат да ги посетат.
Со цел да ги адресираме овие прашања и да работиме кон поодржлив развој на туризмот, ја основавме Balkan Green Initiative, составена од внимателно избрани претставници од Албанија (terena.al), Босна и Херцеговина (Green Visions Ecotours), Црна Гора (HYVÄ Coaching & Consulting), Северна Македонија (Mustseedonia) и Словенија (GoodPlace) и сме во процес на вклучување на претставници од останатите балкански земји.
Со ова партнерство на клучни професионалци кои работат на развој на одржлив туризам во регионот, нашата цел е да бидеме силна, доверлива и професионална мрежа – ќе ги зајакнеме синергиите и ќе помогнеме во усогласувањето на одржливиот развој со глобално признати стандарди и методи – со што ќе ја подобриме софистицираноста на бизнисите.
Секој партнер се фокусира на земјата што ја претставува и ги споделува своите знаења, вештини и искуства во мрежата. Исто така, секој учи еден од друг и заеднички се решаваат регионалните прашања за одржлив развој на туризмот.
Покрај ова, Balkan Green е и официцијален регионален претставник на Green Destinations Good Travel програмата, како и Travelife for Tour Operators.
Нашата соработка и заедничко застапување ќе ни помогнат да ја зголемиме соработката на сите нивоа на засегнати страни со цел да донесеме знаење, да споделиме меѓународни искуства и да заедно да се справуваме со предизвиците кои ги носи развојот на одржлив туризам во регионот, намалување на бариери за прекугранична трговија и инвестиции, како и подобрување и проширување на пазарната интеграција и поврзување.
Секој партнер е преставник на Green Destinations во својата земја, што ни дава можност и одговорност да работиме со дестинации и бизниси на нивниот развој на одржливи туристички практики преку образование, обука, сертификација и сл.
Наместо проект, многу е поточно да се мисли на Balkan Green како на долгорочен развоен процес за целиот регион. Со оваа дигитална платформа имаме за цел да ја подобриме регионалната соработка и комуникација за одржлив туризам, образованието за одржлив развој, мониторинг и бенчмаркинг на локални јазици, вклучувајќи и визуелна содржина, развој на зелени производи и маркетинг.
Нашата визија и желба не се само да ја подигнеме свеста и да создадеме знаење за ,,зошто, кој и како” во оджливиот туризам и подобрена соработка на сите нивоа. Ние сме фокусирани на потребите на регионот за појасно и пообјективно мерење на подобрувањето во одржливиот развој на малите бизниси, стандардите на индустријата и управувањето со дестинации.