Албанија

Албанија е земја на суперлативи. Ова мало парче копно, заглавено помеѓу Динарските Алпи и Јадранското море има една од најкомплексните и најуникатни истории во цела Европа… како и еден од најубавите пејсажи.

И покрај последователните инвазии низ нивната историја, Албанците го задржаа својот антички јазик и култура. Лојалност и ,,besa” или збор на честа, се свети тука. Овие концепти ги обединуваат луѓето низ многу предизвици, вклучувајќи ја и децениската комунистичка изолација. Сето ова создаде една модерна Албанија која е секуларна и религиозно толерантна, но со традиционални ставови за гостопримството.

Во Албанија, традициите и технологијата се судираат на интересни начини. Иако сè уште е примарно економија заснована на кеш, многу деловни и владини услуги се дигитализирани повеќе од соседните земји.

Додека возите во Албанија, бидете подготвени да застанете за премини со кози, дури и покрај недопрената ривиера. Нивната култура за кафе е една од најдобрите во Европа, атмосферата во кафулињата лесно се споредува со онаа во Виена или Рим.

Интересен факт: Албанија беше единствената земја во Европа со повеќе Евреи на крајот на Втората светска војна отколку на почетокот – и покрај тоа што беше окупирана од Италијанците и германските нацисти – поради ветувањето на Албанија ,,besa”, дека ќе ги скрие и заштити.