Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина е многу повеќе од земја која треба да се посети. Тоа е место каде што одите за повторно да се поврзете со природата, историјата и луѓето, познати по нивната топлина и гостопримство.

Оваа прекрасна земја во облик на срце во Југоисточна Европазафаќа повеќе од 50.000 квадтратни километри и се протега помеѓу Хрватска, Србија и Црна Гора – поврзуваќи ги планините со Јадранското Море.

Скриениот и неискажан авантуристички центар на Западен Балкан, Босна и Херцеговина го претставува надоброто од регионот: карпестите Динарски Алпи, изолираните планински села, мешавина од богати култури и традиции и фасцинантна, сложена и долга историја.

Во оваа земја, која има повеќе од 3 милиони жители, длабоки кањони, остри врвови и брзи, смарагдни потоци и реки се вкрстуваат низ целиот пејсаж. Не е изненадувачки што Босна и Херцеговина беше домаќин на многу Светски првенства за рафтинг на бели води, велосипедизам, скијање и трчање. Земјата може да се пофали и со 380 километри од мега патеката – Виа Динарика – коа ги поврзува сите осум земји од Западен Балкан – од Словенија па се до Северна Македонија. National Geographic ја нарече Виа Динарика едно од најдобрите светски искуства за патување.