Црна Гора – ,,Дивата Убавица” – е мала земја со голема харизма, шарм и мистика. На западниот раб на Балканскиот Полуостров, гушкајќи го Јадранското Море, Црна Гора е комбинација од прекрасни пејсажи, високи планини, културна разновидност, богата историја и модерен стил.
Со крајбрежје кое заслужува да се спомне меѓу најспектакуларните европски дестинации, Црна Гора исто така има и пет национални паркови како и првокласно планинарење, велосипедизам, рафтинг, скијање и кањонирање.
Фразата “off the beaten path” можеби е клише, но авантуристичките патници доаѓаат во Црна Гора токму поради тоа – шансата да се изгубат на место кое времето и забрзаните приоритети го заборавиле. Истражувачите ги следат патеките на овчарите и променливите бои на планинските пасишта и дивите води. Со мештаните кршат леб. Тие – исто како вас – доаѓаат тука повторно да ги пишуваат своите лични приказни, забавуваќи и опуштаќи се.