Северна Македониа – лоцирана во срцето на Балканскиот Полуостров на Југоисточна Европа и сместена помеѓу Грција, Албанија, Србија и Бугарија – е спој на богати култури, драматична природа и наследство кое е толку комплексо што може да биде дел од приказната за потеклото на цивилизацијата. Целиот регион е редок, кревок спој на традиции, архитектура и природни чуда.
Од север кон уг, Северна Македонија чека да биде откриена од достојни патници. Незиниот главен град, Скопје, со население од околу половина милион, е комбинација на античка историја и модерен град. Охридското Езеро и градот што го дели неговоро име, симболите на разгледниците на земјата, лоцирани најјужно, се наведени како UNESCO локалитети поради нивното природно и културно значење. Повеќекратните вериги на оваа земја, од кои најдоминантни се секако оние на иконската Шар Планина, се преполни со џиновски врвови и скирени но пријателски настроени планински села.
Но, како што и ќе ви каже секој Македонец, не сте биле тука вистински додека не а вкусите и уживате во македонската традиционална храна, која е спој на турски, медитерански и балкански вкусови. Откако ќе уживате во оброкот и додека размислувате за сите места кои треба да ги посетите, седнете и уживајте во голтка од традиционалниот пијалок – ракија – по можност во друштво на вашите нови, шармантни и пријателски настроени македонски пријатели.