Кога ќе ја погледнете картата, Словенија изгледа мала. Но, кога сте во Словенија, набргу сфаќате дека оваа централноевропска земја е голема на сите начини кои се важни. Големи планини, големи стратегии за одговорно патување, големо гостопримство и навистина големо срце се огромни аспекти на оваа земја, која National Geographic ја нарече ,,најодржлива во светот”.
Згора на тоа, оваа идилична земја, која се наоѓа помеѓу Алпите и Јадранското Море, има особена разновидност која што не може да се најде на многу други места. Словенија – заглавена помеѓу Италија, Австрија, Унгариа и Хрватска – е микс од песажи, јазици, обичаи, кулинарски традиции и музика. Таа е и едно од најбезбедните и најпријателски настроени места во Европа.
Ако доаѓате за да планинарите на Алпите, да возите велосипед во Карстниот регион, да кајакарите во некоја од многуте чисти реки, пливате во морето, јадете неверојатна и свежа храна или да се дружите во некој од нејзините прекрасни градови, можете бидете сигурни дека тука ќе го најете вашето посебно место. И, бидејќи Словенците се грижат за одржливи туристички практики повеќе од било која друга земја на планетава, можете да се чувствувате задоволни знаејќи дека вашата посета ќе придонесе за создавање подобар и поодговорен пат за туристичката индустрија.