Возењето велосипед по Slovenia Green Gourmet Route претставува многу повеќе од само вртење педали од едно прекрасно планинско селце до друго. Возењето по оваа патека која го опфаќа секој агол на земјата е за сите места помеѓу. За возење покрај виногради кои наеднаш се протегаат низ целиот хоризонт. За дружба со пријателите и искуство со Мишелин ѕвезда.. Или во локално бистро за оброкот на вашиот живот. За доаѓање до панорамски поглед со Алпите зад вас и Јадранското Море пред вас. Slovenia Green Gourmet Route (SGGR) е за движење (и јадење) низ една од најодржливите земји во светот, притоа впивајќи приказни од локалните заедници и учејќи за често занемарената култура со човечка брзина.
Slovenia Green Gourmet Route (SGGR) која започна минатата година, е совршена за се поголемиот број светски патници кои се во потрага по задоволство, авантура и одговорност. Комбинирајќи храна, сертифицирани Slovenia Green дестинации, прекрасни и разновидни пејсажи, предизвикувачки и безбеден велосипедизам и ,,најодржливата земја во светот”, SGGR има по нешто за секого, но никогаш не ги заборава своите корени – локалните заедници расфрлани низ оваа прекрасна, централноевропска нација.
Рутата поминува само низ зелени, сертифицирани дестинации и ја преминува речиси цела Словенија – која беше прогласена за Европски регион за гастрономија за 2021 година. Патеката ги обезбедува сите информации кои им се потребни на велосипедистите за да ја откријат Словенија користејќи шумски и тивки патишта. Главен приоритет на Green Gourmet Route е храната и виното, при што се посетуваат реторани со Мишелин ѕвезди (Словенија ги доби првите Мишелин ѕвезди во 2020 година), одлични локални бистроа, фарми и винарии. Маршутата беше создадена со цел да им ги обезбеди сите потребни информации на патниците за да уживаат во богатата винска историја на оваа земја и да научат повеќе за нејзината експанзивна култура на храна.
SGGR започнува во главниот град на Словенија, Љубљана, и го користи пригодниот железнички систем на земјата се до долината Соча, врамена во Алпите. Потоа велосипедистите возат до долината Випава, се тркалаат во Карстниот регион и со друг воз одат кон исток. По откривањето на регионот на реката Сава, патниците одат северно кон Птуј покрај реката Драва, па се до Марибор.
SGGR е рута на која природата, храната, одличното вино и зелените сертифицирани дестинации се главни атракции. Но, можеби и најважен аспект од новата маршута е тоа што и луѓето по патеката се најзначајни.