Босна и Херцеговина

Требиње стана шампион во одговорен туризам и ,,Зелена Дестинација”

Овој неверојатен град во Босна и Херцеговина го поставува стандардот за одржливост

Порано, Требиње беше познат како најјужниот и најзаспан град во Бозна и Херцеговина, се додека не беше откриен од локални и меѓународни патници кои ги посетуваа соседните UNESCO локалитети – Дубровник, Мостар, Котор или аџилакот Меѓугорје. Денес, Требиње е пример во регионот за одговорни туристички практики и соработката со локалите производители на храна за да го сменат наративот за понудата и побарувачката.

За оние кои не знаат, овој дел на Херцеговина (генерално, јужната половина на Босна и Херцеговина) е познат по инзвонсредните вина, античкото православно наследство и природните карстни и варовнички пештери и врвови. Оваа комбинација го прави Требиње уникатно. Само 30тина километри од метежот и вревата на Дубровник, ве транспортира во еден поинаков свет – на мир, благодарност за бавносто живеење и чувството на локалец… иако сте можеби таму за прв пат.

Но, патот на Требиње не беше лесен. Како што стануваше популарен кај посетителите, така стануваше и јасно дека производителите не беа во можност да допрат до патниците. Така, во 2017 година, општина Требиње одлучи да го смени тоа со тоа што иницираше долгорочен напор да се поврзе со производителите и на тој начин да го започне своето одржливо патување.

Половина деценија подоцна – преку зголемување на капацитетите и вештините во производството, стандардизацијата, сертификацијата, деловната дигитализација, маркетинг и брендирањето – локална продавница за органски производи наречена Херцеговачка Куќа (Herceg’s House) сега нуди над 1.000 различни регионални производи, од мед, вино, сирење, ликери, природни сокови, чаеви па се до природна козметика и сето тоа се продава директно на туристите и локалците. Со ова се зголеми и бројот на работни места, како и бројот на регистрирани земјоделски фарми од 350 на 700 и што е најважно, помогна локалните млади луѓе да се задржат и работат во земјоделскиот и турстичкиот сектор.

Додека се соочуваше со предизвиците на иницирање и одржливо управување со дестинацијата, раководството на Требиње ја препозна вредноста во споделувањето на она што го научиле. Подложени на ригорозен преглед на управувањето, иновативноста, преносливоста, ефективноста и одржливоста (економска, социјална и еколошка) Требиње се здоби со статус како една од Топ 100 Зелени Дестинации. Понатаму, на ITB – меѓународен саем за туризам во Берлин, во март 2022 година Требиње освои прво место во категоријата Локализирање и Декарбонизација на Синџрот на Снабдување на Дестинацијата.

Но Требиње продолжува со своите напори за одржливост и во 2023 година. Овој пат градот има за цел да ги адресира сите 30 основни критериуми за одржливост на Green Destinations. Овие активности ќе ја гарантираат еволуцијата на Требиње кон шампион во одржлив туризам.

 

End of story