Одржливиот туризам на Западен Балкан отсекогаш бил предизвик. Но, во последно време, направени се големи инвестиции и напори за промовирање на одржливиот туристички развој во регионот. За жал, многу локални жители, особено за време на пандемијата, не сакаат да се фокусираат на долгорочните придобивки, ставајќи го моменталниот опстанок на прво место.
Balkan Green, регионалната иницијатива за подигање на стандардите за одржливост и свеста во туристичката индустрија, има за цел да ја направи оваа практика подостапна и попривлечна за жителите.
Концептуално, одговорниот туристички бран почнува да се врти. Во 2022, на пример, поголем интерес во одржливост е забележан низ целиот секторот бидејќи одржливиот развој и управување се повеќе почнаа да се поврзуваат со издржливоста, довербата на клиентите, ограничувањето на негативните влијанија и заштедата на трошоци.
Никаде ова не било поочигледно како во Албанија. Во март 2022, партнерите на SUSTOUR (Sustainable Tourism Destination Development- Развој на Одржливи Туристички Дестинации), проектот КОСМЕ, финансиран од ЕУ, упатија повик до МСП (мали и средни претпријатија) да аплицираат за сеопфатна програма за поддршка за подобрување на нивните перформанси за одржливост. Целта беше да изберат 175 тур-оператори и туристички агенции за учество, но на крај, прифатија три пати повеќе учесници во програмата од 35 европски земји, вклучувајќи и 14 мали и средни претпријатија од Албанија, што е најголем број учесници од земја од Западен Балкан.
Ова претставува ветувачки чеор во одржливиот туризам во земјата и регионот. Всушност, бројот на апликации од Западен Балкан беше многу поголем од предвиденото, што и покажува дека интересот на сопствениците на бизниси за понатамоѓен одржлив развој се повеќе се зголемува.
Програмата SUSTOUR, која започна во јули, 2022 година, ќе трае до крајот на јуни, 2023 година. Тур-операторите и туристичките агенции кои учествуваат имаат избор да станат Travelife Partner или Travelife Certified, базирани на стандардите на Глобалниот Совет за Одржлив Туризам (GSTC) за одржливо управување во туристичката индустрија. Дополнително, можат да продолжат и со специјализирана програма насочена кон специфични теми, како што се одржлива пластика, јаглерод, управувње со синџирот на снабдување или сертификација за крајбрежни екскурзии.
Програмата ќе вклучува онлајн тренинзи, сеопфатен индивидуален и групен коучинг, како и меѓусебна размена. Учесниците исто така ќе бидат охрабрени да присуствуваат на европските трговски саеми каде што ќе можат да се промовираат и каде што ќе се организираат настани за размена на искуства, вклучително и презентирање на награди на оние кои завршиле со програмата.
Balkan Green ја поддржува оваа програма со коучинг и ко-финансирање на 37 учесници во Југоисточна Европа. Претставници на Balkan Green, вкупно 5 до сега, се обучени како тренери на Travelife со цел да помогнат во исполнувањето на барањата на амбициозната цел на SUSTOUR истовремено да тренира над 600 тур-оператори и туристички агенции од европа за одржливо управување. Нашите тренери ќе организираат и дополнителни активности за подршка и обезбедување реурси за малите и средни претпријатија од регионот.
За да се вклучите во ова движење и за да ја видите ццелосната листа на учесници, посетете ја веб страната.