Четири настани за одржлив туризам во Требиње, Тиват, Вевчани и Белш, беа организирани од 30 март до 6 април од страна на петте партнери на Balkan Green од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Словенија. На Roadshow-то беше подигната свеста кај дестинациите, бизнисите и засегнатите страни за темите за одржлив туризам, вклучително: Зошто, Како и Кој за одржливост во туризмот – Зошто треба да се вклучат дестинациите и бизнисите, истакнувајќи ги регионалните иницијативи за добри практики, научените лекции, пост-пандемиски трендови на патување и многу повеќе.
Над 125 учесници од дестинации, мали и средни претпријатија и индивидуални даватели на услуги присуствуваа на Roadshow-то во текот на четири дена.
Ова RoadShow и другите активности на Balkan Green се поддржани од проектот на USAID за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE).
Првиот ден од BG Roadshow-то беше посветен на одржливоста и што таа значи за туризмот. За прв пат јавните институции, бизнисите и засегнатите страни имаа можност да разговараат и да преземат првични чекори кон заедничка стратегија за одржлива иднина на туризмот во БиХ.
Учесниците беа добредојдени и инспирирани од г-дин Алберт Салман, основач и претседател на Green Destinations, кој обезбеди рамка за унапредување на одржливоста во туризмот во регионот. Требиње, како прва дестинација од БиХ што беше препознаена од Green Destinations, сподели искуство и научени лекции со публиката.
Во текот на денот, пет нови дестинации (Босанска Крупа, Коњиќ, Националниот парк Козара, Споменикот на природата Скакавац и Самац) се пријавија на Green Destination Top 100 Good Practice Stories Competition за 2023 година, додека Требиње се пријави за продолжување со Green Destination Awards and Certification програмата.
Посебна сесија беше посветена на Good Travel Program, а партнерите во Balkan Green од Босна и Херцеговина, Green Visions, разговараа за можностите за бизнисите и обезбедија детални информации за процесите и барањата, како и придобивките од сертификацијата со Good Travel Program.
На крајот денот, учесниците присуствуаа на настан за вмрежување во Herzeg House, која промовира и продава стоки од преку 120 локални компании и производители и е добитник на наградата за Top 100 Good Practice Stores за 2021 година.
Тиват е прва дестинација во Црна Гора, а воедно и во цел Западен Балкан која ја доби бронзената награда на Green Destinaitions во 2022 година за нејзините залагања за одржлив развој и мониторинг, кои започнаа во 2020 година. Дестинацијата се фокусираше на програмите за поддршка на општината за рурална ревитализација и како истите успешно да се искористат. Во попладневните часови на групата и беа презентирани практични примери и предизвици во селото Горња Ластва.
Даница Бањевиќ, директорката на Туристичката организација Тиват, сподели неколку интересни клучни бројки, кои покажуваат посилен пред и постсезонски проток на посетители и ноќевања. Исто така се дискутираше и за балансирање на заштитата на природата со одговорна промоција и управување со туризмот во Специјалниот природен резерват Тиватска Солила, победник во 2020 година на Green Destinations Top 100 Good Practice Stoeirs, во категоријата Природа и Eкотуризам.
Вевчани, најмалата општина во Македонија, и првиот учесник во Green Destinations Top 100 Good Practice Stories во 2022 година, соодветно беше домаќин на Balkan Green Road Show-то во Северна Македонија. Покрај општина Вевчани, четири бизниси го започнаа патот кон поодржлив развој преку Good Travel Програмата.
Добредојдени од градоначалникот на Вевчани, нашиот настан го започнавме со претставување на Balkan Green и Green Destinations, доближувајќи ги програмите до учесниците и зборувајќи за напредокот на Вевчани. Имавме задоволство да бидеме поздравени и инспирирани од Алберт Салман, основач и претседател на Green Destinations. За време на нашата пауза уживавме во вкусна традиционална храна подготвена од локални производители. Потоа следеше интерактивна панел дискусија на тема ,,Зошто, кој и како и реалноста во одржливиот туризам” со Јасминка Варналиева од USAID-EDGE, Јана Апих од Good Place, Словенија, Наталија Ангелова од МЕД (Македонско еколошко друштво) и Тиери Жубе од Green Visions, Босна и Херцеговина, модерирана од Александар Донев од Mustseedonia, која придонесе за убава дискусија за одржливиот туризам во земјата и регионот, како и активно вклучување на учесниците во истата.
Оваа последна станица на RoadShow-то беше обележана со присуство на Јасминка Варналиева од USAID EDGE, главен финансиски поддржувач на RoadShow-то и основачот и претседател на Green Destinations, Алберт Салман.
Учесниците имаа можност да слушнат нешто повеќе на тема брендирање и маркетинг во областата на одржливиот туризам. Јана Апих од Good Place, организацијата инструментална во создавање на “Slovenia Green” презентираше некои од најдобрите практики и научени лекции од успешната национална програма за одржливост на Словенија.
Попладневните сесии се фокусираа на јавно-приватните партнерства во развојот на туризмот, со жива панел-дискусија помеѓу учесниците и панелистите. На крајот на денот, сите имаа можност да го посетат локалниот Еко парк (https://www.instagram.com/dumrea_ecopark/).