Северна Македонија

Најмалата општина во земјата е меѓу најголемите ѕвезди за одржливост

Посета на често занемаруваното Вевчани е задолжителна за одговорните патници

Во Северна Македонија има толку многу историски заменитости, поради што често е лесно да не се примети оваа неверојатна убавина. Таков е случајот со Вевчани, најмалата општина во земјата.

Сместено во југозападниот дел на Северна Македонија, на само 15 километри од Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и светско културно и природно наследство на УНЕСКО – под падините на планината Јабланица – на површина од само 35 квадратни километри и население од околу 2500 жители.  Вевчани претставува еколошки и геолошки уникатен локалитет со силно негувана традиција, култура и природни богатства.

Вевчанските извори кои се наоѓаат на надморска височина од 960 метри и се состојат од седум помали извори кои се спојуваат и го сочинуваат текот на реката Вевчани и пештерата од која извираат се вистинска природна реткост и уникатни за оваа мала заедница. Дополнително, локалниот контекст на Вевчани е особено важен и специфичен. Луѓето таму со векови живеат во хармонија со природата, користејќи ги нејзините ресурси на одржлив начин. Нивното поистоветување со природата е значајно и тие се особено горди на фактот што на нивната територија има заштитено подрачје. Вевчанските извори беа прогласени за заштитено подрачје во категоријата III Споменик на природата во 2012 година.

Но, иако државата прогласува и воспоставува заштитени подрачја, не издвојува средства од својот буџет за нивна финансиска поддршка.  Така, во 2019 година, со цел да и се помогне на општина Вевчани да обезбеди финансиска одржливост, Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – проект на Швајцарската Агенција за Развој и Сорабока, координиран од Фармахем и МЕД (Македонско Еколошко Друштво) и во соработка со Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање – воведе концепт за идентификување можности за дизајнирање механизми за поттикнување на плаќање за екосистемски услуги за да се обезбеди финансиска одржливост. Од спроведената повеќекритериумска анализа произлезе дека одржливиот туризам, како пакет на културни услуги, е екосистемска услуга за која е најизводливо да се дизајнира шема за плаќање.

Со цел да продолжи да се развива на одржлив начин, Mustseedonia и Balkan Green, поддржани од Фармахем и МЕД започнаа да работат со локалната заедница во Вевчани на нивно образование, обука и вклучување во методите и практиките на одржлив туризам преку Good Travel Program на ниво на бизниси и Top 100 Good Practice Stories на ниво на дестинација. На овој начин ќе се поттикне развојот на општина Вевчани како прва сертифицирана одржлива дестинација и со тоа модел кој ќе послужи како инспирација и ќе се преслика на други дестинации низ државата.

 

End of story